Седумдесетгодишен жител на струшкото село Октиси загина откако паднал во ископ за бунар во дворно место на куќа во селото.
Според информациите од СВР Охрид, несреќата била пријавена на 14 септември во 15:15 часот во ОВР Струга. Б.М. од Октиси паднал во ископот кој го вршела градежна фирма.
Неговото тело било извлечено од припадници на Територијалната противпожарна единица од Струга. Лекар од Здравствениот дом во Вевчани констатирал смрт, без траги на насилство.
На местото извршиле увид јавен обвинител, претставници на Државниот инспекторат за труд и полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
