Од билтенот на СВР Охрид:кривични пријави и сообраќајка кај Рача

Охридската полиција поднесе две кривични пријави а вчера интервенирала на сообраќајка со тешко повредено лице кај Рача.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.А. (46) од Сливо Поле, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 став 2 и 4, а во врска со став 8 од Кривичниот Законик на Република Македонија. Пријавениот неовластено навлегувал во е-маил комуникација помеѓу фирма од Република Македонија и фирма од Србија и својата приватна жиросметка ја прикажал како сметка на фирмата од Македонија.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (18) од с.Косел поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“. На 02.10.2017 година во 01.00 и во 02.40 часот на улица ,,Ванчо Николески“, Х.Б. со камења ги скршил прозорците од дневната соба во станот на В.Г. (61). Потоа, додека полициски службеници од СВР Охрид вршеле увид во станот, фрлил запалива материја на влезната врата од станот од која се запалил дел од вратата.

На 26.10.2017 година во 13.45 часот на локалниот пат во населба Рача-Охрид се случила сообраќајна незгода во која мобилна машина за сечење на дрва марка „Аран“ , управувана од Р.Л. (75) од Охрид, со задниот дел удрила во камен и се превртела. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Л., кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“-Охрид. Со телесни повреди се здобил сопатникот Р.Р. (49) од Охрид, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општа болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани