Школото „Христо Узунов“ со награда на фестивалот CAMERA 300

На 27-28.10.2017 год. се одржа 25-от Интернационален фестивал на аматерски(непрофесионален) документарен филм- CAMERA 300 во Битола.

На истиот, учествуваше и нашето училиште ОУ„Христо Узунов“-Охрид, , со три филмови: „Билјана платно белеше“ од авторот Ивана Пројческа,„Живот и дело на Христо Узунов“ од авторот Христина Митреска и „Сјајот на Охридското Езеро од авторот Евгенија Стојановска,а сите под менторство на наставничката Вера Зороска.
Фестивалското жири ни додели(на целиот тим):Специјална награда Плакета за придонес во аматерскиот документарен филм.Во официјална проекција беше филмот Билјана платно белеше од авторот Ивана Пројческа,а во кој учествуваше Евгенија Стојановска.
Особена чест и задоволство ни е тоа што за прв пат ваква награда се доделува на училиште!


Во оваа прилика изразуваме голема благодарност до семејствата на учениците-автори,кои несебично помагаа при реализација на проектите,на господинот Гоце Миланоски за монтажа на филмовите,на Викторија Пановска(поранешна ученичка на ОУ„Христо Узунов“),за помош при превод на текстовите од македонски на ангилски јазик и се разбира на директорот на училиштето м-р Тони Симоновски за севкупната подршка, информираат од училиштето.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани