Охрид дел од првиот број на најпознатиот европски туристички водич „In your pocket“, кој ќе биде промовиран денеска.
Водичот во јуни годинава беше испечатен во 20.000 примероци и дистрибуиран на повеќе локации низ градовите.
Освен во печатена форма, „In your pocket“ може да се користи и како телефонска апликација, но и на интернет, преку веб страницата https://www.inyourpocket.com/ohrid
„In your pocket“ е меѓународен бренд на водичи и мапи за странски туристи во 22 држави и преку 250 града. Им служи на туристите за откривање на убавините на земјата и за максимално користење на угостителските и други капацитети кои се на располагање.
Дел од европскиот туристички водич се и Скопје и Битола.
