Едукативна претстава „Јас внимавам“

Денес,  првачињата од училиштето „Григор Прличев“ имаа одлична можност низ детска претстава да научат како правилно да се однесуваат во сообраќајот.

Претставата беше во форма на симулација на сообраќајни ситуации и демонстрација на сообраќајни правила и прописи, со цел децата на интересен и забавен начин да научат како треба правилно да се однесуваат во сообраќајот, за нивна поголема безбедност.


Детската претстава која беше изведена во нашето училиште е дел од едукативната кампања под наслов „Јас внимавам“ во организација на ОКТА АД –Скопје, а се реализира во соработка со Министерството за внатрешни рабпти на Република Македонија. Во рамките на оваа кампања во нашето училиште беа донирани и: сообраќајно игралиште –полигон за основни училишта, како и сообраќајни боенки.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани