По подолго време,летово во Охрид, повторно се појавија лажни пари.
Охриѓанка, лажните пари ги пуштила во промет и „ќарила“ 3000 денари. Според полициското соопштение,СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (33) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсикикување на пари“.
-Пријавената на први и втори август годинава во Охрид, во пекара, во бутик и во градскиот трговски центар, пуштила во оптек три фалсификувани банкноти од 1000 денари со идентичен сериски број, со што се стекнала со противправна имотна корист од 3.000 денари, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

