Гимназијалката Ивана Коскоска, позната по прекрасниот глас продолжува да нижи успеси. Од денес достапен за јавноста нов кавер.
Ќерката на новинарката од регионалната ТВМ Билјана Николоска во изјава за Охридент вели:
-Оваа песна ја испеав специјално за мојата мајка, која постојано ми вели само напред ќе успееш!
-„Ова е дефинитивно едно од најталентираните суштества што сум ги сретнал во последно време“, напиша на својот фејсбук профил музичкиот продуцент Даниел Јовевски.
Слушнете како звучи One Night Only – Jennifer Hudson (Ivana Koskoska cover) во изведба на нашата Ивана.
