Фатен стружанец со хероин и ампули диазепам.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.И. (34) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.02.2017 година во 14.00 часот во Струга, при преглед, полициски службеници кај пријавениот пронашле 0,84 грама хероин и 10 ампули од два милилитри „Diazepam“.
