Традиционално со музика, песна и свечен ручек на охридскиот плоштад се одбележа големиот христијански празник Митровден.
Годинава и градоначалникот, Јован Стојаноски присуствуваше на големиот црковно народен собир, што по повод празникот Свети Великомаченик Димитрија се одржа на градскиот плоштад во Охрид.

Заедно со своите сограѓани, градоначалникот Стојаноски запали свеќа за здравје, а присуствуваше и на традиционална празнична трпеза со гравче.
Чествувањето по повод празникот беше збогатенo со богата културно- уметничка програма.

Традицијата на одбележување на Митровден кај истоимената црквичка на градскиот плоштад во Охрид пред неколку години ја започна охриѓанецот Никола Велјаноски – Бикче.


