Живка Ангелоска претседател на охридскиот совет

На денешната седница, Живка Ангелоска беше избрана за претседател на Советот на општина Охрид.

Живка Ангелоска, како што беше наведено во предлогот за избор, е родена во  1979 година, дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а има положено и правосуден испит.Работела како раководител на секторот на општи и заеднички работи во ЈП „ Охридски комуналец“, била директор на ЈП „Градски пазар“ , а сега е раководител на секторот за општи и правни работи  во хотелот „Гранит“.

Советниците на втората седница од новиот состав ги прифатија решенијата за формирање на Статутарно-правна комисија, како и комисии за финансии и буџет,  за јавни и комунални дејности,  за урбанизам,  за општествени дејности,  за туризам и локален економски развој, за заштита на животната средина,  за млади и спорт,  за месна самоуправа,  за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија и  за еднакви можности меѓу мажите и жените, а беа прифатени и предложените одлуки  за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2017 година и за буџетскиот календар за 2018 година.

ВИДЕО од седницата:

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани