Стотици верници денес на Црковно народниот собир што по повод големиот верски празник посветен на Светите Бесребреници Козма и Дамјан се одржа во истоимената црква во село Речица- охридско.

Заедно со бројните верници ,мештани, охриѓани и гости и градоначалникот Стојаноски се помоли за здравје, а присуствуваше и на празничниот црковен ручек.

Присуството на овој црковно народен собир е на покана на црковниот одбор и кумовите кои на градоначалникот Стојаноски му посакаа добро здравје и успешен градоначалнички мандат.

