Невладината Охрид ЅОЅ со забелешки за новата патека покрај каналот Студенчишта.
-Драги сограѓани, ова е изгледот на реновираната патека долж каналот кај Билјанини извори. Сигурно се сеќавате колку дрвја имаше наоколу, и од левата страна на патеката гледано спрема изворите, и од десната непосредно до самиот канал. Имаше и јасики неколку, огромни и здрави, прекрасна глетка за минувачите. Сега можете да забележите дека преостанати се само околу десеттина дрвја, а сите други беа искорнати и најверојатно завршија како огревна маса од која нечиј џеб бидна дополнително наполнет. Оваа тревна површина и трендафилчиња неколку нема да ја надоместат функцијата на дрвјата, како што нема да ја надоместат нит овие куќариња сенката и ладовината што токму тие дрвја им ја пружаа на минувачите.
Прашуваме: дали новата локална власт ( Општина Охрид , Проф. д-р Јован Стојаноски – Градоначалник на општина Охрид ) ќе се нафати да надомести недостигот од дрвја автохтони, и не само да го надомести туку и да го збогати просторов со нови дрвни садници? , пишуваат од Охрид ЅОЅ.
.jpg)
