На 17 Ноември, во хотел Нова Ривиера, женски центар Бисера традиционално ја одржа 21вата Торитијада.
И оваа година тортијадата имаше натпреварувачки карактер со голем број на професионални но и аматерски учесници. Учесниците се натпреваруваа во 2 категории и тоа во прва категорија слаткари професионалци каде учествуваа голем број на Слаткари а во втора категеорија слаткари аматери каде учествуваа оние кои имаат дарба за изработка на торти но тоа го работат непрофесионално и со љубов и посветеност. Покровител на овогодишната манифестација е г-ѓа Мирјана Тодороска коа за оваа пригода специјално допатува од Швајцарија.
Изборот на наградените торти го изврши стручно жири составено од надворешни членови и тоа Проф. д-р Гордана Речкоска, Проф. д-р Ангела Крстаноска Василеска и дипл. менаџер Наташа Спасеска Цветкоска. Жирито вршеше оценка на торитите според нивниот состав, аранжирање и декорација. Посебен акцент беше ставен на составот на тортите. Одлуката беше донесена едногласно.
Во првата категорија слаткари професионалци беа избрани:
Прво место торта Мала шмизла од слаткарница Анабела
Второ место торта Свето писмо од слаткарница Теодина и
Трето место торта Чизкејк од слаткара за смути и здрави слатки Фрутибокс.
Во втората категорија слаткари аматери беа избрани:
Прво место торта Замок од Валентина Адамова
Второ место торта Новогодишна идила од Македонка Дервушоска и
Трето место торта Кочија од Катарина Љубичиќ
За избраните торти учесничките беа наградени со соодветни парични награди од покровителката на тортијадата Мирјана Тодороска.
Тортијадата беше посетена од голем број на граѓани од Охрид, претставници од локалната самоуправа, невладини организации, медиуми, јавен сектор, бизнис сектор и голем број на припаднички од понежниот пол. Присутните ги забавуваше група Стил а најсреќните добија награди од богатата лотарија која беше организиран со голем број на донации и спонзорства.
ЖЦ Бисера и понатаму ќе организира манифестации кои имаат хуманитарен карактер.На Тортијадата одржана на 17 Ноември, во хотел Нова Ривиера, во организација на женски центар Бисера, меѓу останатите гости присуствуваа група советнички од Советот на општина Охрид кои хуманитарно ја помогнаа оваа активност. На гостите им се обрати Претседателката на Совет на општина Охрид, г-ѓа Живка Анѓелоска која ја пофали досегашната работа на ЖЦ Бисера и ги охрабри за усте поголеми успеси понатака.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
