Од Министерството за култура будно ги следат случувањата со реконструкција на Али пашината џамија во Охрид.
Ветија дека ќе се обидат да го решат проблемот на најадекватен начин. Висината на минарето може да се одреди врз основа на документи и остатоци, но додава дека секогаш е можно да се направи компромис во однос на она што е вредност а тоа е Охрид како град заштитен од УНЕСКО.
– „ Ќе се реши на поинаков начин има експерти ангажирани кои ќе го решат на најадекватен начин. Ако ни е интересот да го сочуваме Охрид тогаш и мерките кои ќе се преземат ќе се во таа насока“, рече Барџиева Трајковска. Во изминатиов период она што беше систем за заштита на културното наследство беше дерогиран. Охрид доби многу рани кои треба да зацелат и потребно е да се изготви нов закон за заштита на културното наследство. Охрид и покрај тоа што е заштитен под Унеско нема дефиниран фонд на вредности. Таа укажува на потребата од листа на споменици од национално значење, да се одреди адекватна заштита и да се направи категорија по вредност и степен на загрозеност, рече во изјава за ТВМ Донка Барџиева Трајковска, специјален советник на министерот за култура.
