Современа театарска зграда за Охрид

На Охрид му недостасува дом за Народниот театар. Со години, охридскиот театар  функционира во склоп на Центарот за култура, во  најлоши услови за работа.

 

Според експертите  недостасуваат елементарните професионални минимум услови  за работа.

 -Недостасуваат простории,недостасува опрема,  недостасува објект кој ќе биде енергетски ефикасен и се разбира недостасува најважното дом. Секој театар треба да има свој дом, театарот не треба да биде во склоп на Центар за култура, А во Охрид очигледно е дека тоа е потребно,   вели Деана Николовска театарски режисер.

Охрид е гладен за театар. И покрај лошите услови актерите со огромен ентузијазам подготвуваат претстави, за кои се бара карта повеќе.

-Инфраструктурните подобрувања  во самите постоечки згради мора да биде приоритет на минисетрството за култура  и од таму да се почне за да имаме културни збиднувања. 0515Треба исто така технички да се доопремат театрите, вели Стрезо Стаматоски  директор на Народен театар Охрид.

Новата современа  театарска зграда ќе овозможи во Охрид да  да настапат европските хитови, кои ќе придонесат и за развој на туризмот. Реконструкцијата на Центарот за култура  ќе биде дел од националната стратегија за културен развој на градот Охрид 2018 –  2022 година.  Но според уметниците потребно е изградба на нов современ театарски дом одвоен од Центарот за култура. 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани