Во Охрид првата работлница за рециклирање на Бимилк

Во Охрид ќе се одржи првата едукативна и креативна работилница во рамки на големиот проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“.

Датум: 30.11.2017 (четврток)Време: 10.00 часотЛокација: Градинка „Јасна Ристеска“, клон „Развигорче“, ул. Васил Главинов бр. 12 (позади Заводот за вработување)

Работилницата е со цел поттикнување на навиките за зачувување на животната средина уште од најрана возраст, а главен аниматор за децата ќе биде препознатливиот лик на Битолското Чупе.

-Во проектот се вклучени близу 2.000 деца од 8 градови ширум државата, а истиот е најавен како пилот проект, со заложба да продолжи да живее и во наредните години.
Градот Охрид и дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ се вклучени уште во првата година, па ќе ни претставува навистина големо задоволство доколку го поддржите овој хуман проект и ја посетите првата работилница.Проектот подразбира реализација на едукативни работилници наменети за деца од 4 до 5 години, а во нив се вклучени близу 2.000 деца од повеќе од 60 градинки ширум државава. Се работи за иницијатива во која Бимилк ги поттикнува децата да собираат празни амбалажи од Битолско млеко и од нив понатаму да изработуваат разни корисни предмети што може да имаат секојдневна употреба, со цел уште од најрана возраст да ја научат важноста за рециклирање и зачувување на животната средина.

Истовремено, проектот има цел да ја поттикне и хуманоста кај децата бидејќи на крајот предметите ќе бидат изложени на голем хуманитарен базар на кој собраните средства ќе бидат донирани за СОС Детско село Македонија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани