Охрид трет по негативен прираст во земјава

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.7% и изнесува 5 866 живородени деца.

 

Во Охрид биле  родени 78 а починати 101 лице што значи негативен прираст од – 23, додека во Струга родени 131 а починати 126 што значи позитивен прираст од 5. Вевчани родени 8 а починати седум, односно позитивн прираст од 1. Дебарца родени пет, а мртви 15 што значи негативен прираст од -10.

Најголем природен прираст во земјава има во Скопје – 610, веднаш по него Тетово со позитивен прираст од 189, па Чаир со 154, а најмал во Битола негативен прираст од -74, потоа Прилеп со -36,  а трет Охрид со -23.

 

Бројот на умрените лица, во третото тримесечје од 2017 година, бележи зголемување од 3.4% во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4 823 лицa, а од нив 64 се умрени доенчиња. Природниот прираст изнесува 1 043 лица, што значи бројот на живородените деца е поголем за толку лица од бројот на умрените лица. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината бележи зголемување за 8.2% во споредба со истиот период од 2016 година и изнесува 4 670 бракови. Во ова тримесечје од 2017 година се регистрирани 399 разведени бракови, што претставува зголемување од 27.1% во споредба со истиот период од 2016 година. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани