Во Охрид ниеден нов случај на СИДА

Триесет и девет лица биле заразени со ХИВ вирусот минатава година, а регистрирани се и четири случаи на сида.

 

Во охридско – струшкиот регион од 1987 до 2017 година биле регистрирани 6 лица болни од сида и сите починале. 2 лица се хив позитивни, од кои еден нов е откриен минатата  година во Струга. Во 2017 година во Охрид не е регистриран ниеден нов случај на СИДА 

Според лекарите бројот на заболени од ХИВ во Македонија се намалува, а не е регистриран ниту еден смртен случај. Најголем број од инфицираните се на возраст помеѓу 20 и 40 години.

Терапијата е редовна, но потребно е да се зголеми свесноста за тестирање со цел навремена дијагноза и успешно лекување.
Според последниот извештај на Светската здравствена организација, само на Стариот континент годинава се забележани 160 илјади нови случаи со ХИВ-сида, од кои 80% се во Источна Европа.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани