Верниците денес во црквата Богородица Каменско.
Денес, денот кога го прославуваме празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот – Пречиста, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа:
-И денеска, кога го прославуваме овој историски настан од животот на света Дева Марија, да ѝ се обратиме со искрена молитва како на Царица небесна. Нека го рашири нејзиниот омофор и да нè поткрепи во нашиот од, од земјата кон небото. Па и ние да можеме да дадеме наш влог или жртва за доброто на нашата душа, и да спечалиме вечен и блажен живот. По молитвите на Пречистата Владичица, така нека биде. Амин!, рече Тимотеј.
