Малолетници предизвикале опасност во училиште

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе известување против две малолетни лица од Охрид на возраст од 13 и 14 години за сторено кривично дело “Предизвикување општа опасност“.

Пријавените на 09.11.2017 година во Охрид, во дворот на ОУ “Григор Прличев” биле забележани како претураат непозната течност, по што се слушнала силна експлозија. Исто така 13- годишното лице ноќта помеѓу 11.11. и 12.11.2017 година во Охрид, фрлило две пластични шишиња во дворно место позади зграда, каде што настанале две последователни експлозии.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани