Триесетдневен притвор за Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, а куќен за Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, одлучи Кривичниот суд по распит на шестмината пратеници.
За Димовски обвинителството барало притвор, но кривичниот одлучи за домашен. За Трачуловски и Пешевска ОЈО барало помека мерка, по што судот откако ги сослуша им изрече и ним домашен притвор.
Распитот на сите шестмина траеше вкупно околу 5 часа. Претходно пратениците кога доаѓаа во судот беа пречекувани од колеги од опозицијата кои им изразуваа поддршка. Беа сослушувани одделно, а некаде околу 2 часот распитот заврши.
Еден час подоцна, од задниот влез на судот, најпрво беа изнесени Мукоски, Арнаудов и Василевски, со полициска придружба, и беа спроведени до полициските комбиња, по што сите заминаа во едно полициско возило.
