45 годишен охриѓанец, својот пиштол со рамка полна со куршуми, си ги чувал во својот автомобил. Лекомислениот, сметал дека тука се безбедни од крадците но не испаднало така. Пиштолот и куршумите се украдени од предната фиока од возилото.
Според соопштението објавено на веб сајтот на МВР, на 05.12.2017 година во 10,00 часот во ПС Охрид, М.Ѓ. (1972) пријавил дека во периодот од 01 до 05.12.2017 година во времето од 09,00 до 09,15 часот на подрачјето на Охрид и Струга, од неговото патничко моторно возило „Волво“ со охридски регистерски таблици непознат сторител од фиока во предниот дел на возилото одзел пиштол марка „ЦЗ 99“ и една рамка со 15 куршуми, како и една црна кожна торбичка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривичното дело, се вели во соопштението на МВР.
