Започнуваат превентивни активности на кампањата – „Среќна и безбедна 2018 година – во семејно и пријателско дружење“.
Основна цел на кампањата е подигање на свеста кај граѓаните, особено кај малолетната популација за опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства, намалување на бројот на повредите од нивната употреба, како и преземање на низа превентивни активности насочени кон одржување и подигнување на општото ниво на безбедност.
