Жените од СДСМ во хуманитарна акција

Форумот на жени на OO СДСМ Охрид во соработка со Црвениот крст на град Охрид традиционално ја реализира хуманитарната акција “Дарувај од срце”.

-„Акцијата се состоеше од донирање на облека и обувки која Црвениот крст ќе ја дистрибуира до нашите граѓани на кои помошта им е најпотребна. Со оваа акција Форумот на жени на СДСМ ОО Охрид има за цел да ја потикне јавната свест во насока на ублажување на егзистенционалните проблеми на граѓаните и да го ублажи човековото страдање“, информираат од ОО на СДСМ Охрид. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани