„Од 20 до 20 – Сите во Охрид“ – Новогодишен хепенинг

Во пресрет на Новогодишните празници од денес започна проектот „Од 20 до 20 Сите во Охрид“.

Цел месец  на повеќе сцени во  центарот на градот ќе има музички хепенинзи,  театри, промоции на книги, Дедо мразовци и многу забава за најмладите.

На новогодишната ноќ ќе има масовен дочек на охридскиот плоштад ќе настапат  локални и македонски музички ѕвезди.

– „ Ново прославување на Новогодишните празници и на таков начин Охрид да започне да креира една нова  новогодишна понуда со која што би значело одбележувањ ена новогодишнте празници и проширување на туристичката сезона пред Новата година и после Нова година а всушнотст поврзување на сите празници “, вели градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски.

Градот осветлен и накитен како во бајка доби и чокладна улица украсена со шарени чадори, каде на штандови ќе се продваат колачи и чоколади, но  и  куќа на Дедо Мраз.

-„Има веќе поставено една куќичка во која што ќе се одвиваат анимациите со помалите дечиња. Таму ќе има подароци за нив, детска програма скоро секојдневна. Таму ќе е и големата сцена на која то ќе се музичките имиња„ “, вели Сашо Митаноски директор на Супер Радио –  дел од проектот.

Овој проект општината го  направи со локалната бизнис заедница, со угостителите и хотелиерите во градот Охрид, во соработа со најслушаната радио станица во земјава Супер Радио.  Инаку главниот туристички центар за Новогодишните празници е резервиран до последно место.

Новинар Соња Рилковска

снимател Игор Трпкоски

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани