Од утре почнува забавата. Бројните туристи и охриѓани ќе може да уживаат во секојдневни концерти во Охрид.
Утре вечер на градскиот плоштад се очекува спектакуларен дочек на Новата година со Даниел Кајмакоски. Втора новогодишна ноќ Бени Шаќири, а трета вечер Суперхикс. Кулминација се очекува на Божиќ со настап на црногорскиот шармер Сергеј Четковиќ.
Новата локална самоуправа во Охрид во пресрет на празниците го започна проектот „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ кој ќе трае од 20-ти декември 2017 до 20-ти јануари 2018 година.
-„Основната интенција на оваа акција е да се опфати еден од најатрактивните периоди во текот на годината, надвор од главната туристичка сезона во Охрид. Ги опфаќа новогодишните празници, подоцна Божиќ, Стара нова година и секако Водици, кои се од исклучително значење за заедницата. Идејата е да се изгради манифестација која ќе носи сопствен печат, кој традиционално ќе се одржува и надградува секоја година. ќе трае полн месец и ќе ги опфати со посебна програма сите празници кои се слават во овој дел од годината, но и сите останати денови“, информираат од општина Охрид.
ПРОГРАМАТА:
– 31.12.2017 Даниел Кајмаковски и Анита Мицова (настап од 21:00-01:00 часот)
– 01.01.2018 Бени Шаќири (настап од 21-22:15 часот)
– 02.01.2018 Суперхикс (настап од 21-22:15 часот)
– 07.01.2018 Сергеј Четковиќ (настап од 21-22:15 часот)
– 13.01.2018 Љубојна (настап од 21-22:15 часот)
– 19.01.2018 Фолтин (настап од 21-22:15 часот)
