Илјадници охриѓани и туристи синоќа во весела амосфера ја дочекаа 2018 година на охридскиот плоштад. Даниел Кајмакоски им приреди вистинска забава.
Точно на полноќ имаше и огномет. На градскиот плоштад беше и градоначалникот Јован Стојаноски со сопругата и пријателите.
-„Еве имавме еден прекрасен дочек на 2018 година. Се андева дека во идните години ќе имаме уште поубави вакви прослави. И многу сум среќен што народот вака убаво се забавува. На гостите кои дојдоа во Охрид им посакувам да си поминат убаво и секогаш да ни доаѓаат ние сме госторпиливи а тие да уживаат. На моите охриѓани им посакувам многу здравје, многу разум и многу среќа. Сите желби да им се исполнат во оваа 2018 година“, посака Стојаноски.
Приоритет во идната година на новата локална власт е Охрид да го добие заслуженото место.
-„Приоритет ќе бидат многу проекти, поврзани со инфраструктурата во градот, уредување на улиците, на централните подрачја но и сите делови на Охрид“, подвлече градоначалникот.
-„Прекрасно е чуството секогаш кога доаѓам во овој крај бидејки ова е мојот роден крај. Навистина ми е мило што можев со нашите охриѓани и стружани што заедно прославивме нова година. Фала што мепоканаа и викнаа мене многу сум горд што сум присутен на оваа забава“, рече Даниел Кајмакоски.
Забавата траеше до доцна во ноќта, а за вечерва повторно се најавува богата програма. За прослава на Првата вечер на Новата година на Градскиот плоштад во Охрид ќе се погрижат Dj Jane, Жанко ЗШ Голабоски, Жармена и Китроз, а ѕвезди на вечерта ќе бидат Бени и Нон Стоп.
ФОТОГРАФИИ:








.jpg)


.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
