Изминатава Новогодишна ноќ бурна и во охридската болница.
На хируршкото одделение било пренесено едно лице прободено со нож. И повредениот и напаѓачите биле од Охрид. За среќа сите надвор од животна опасност.
Бурно било и на интерно одделение. Десет малолетници во алкохолизирана состојба ги донеле родителите. Последниот бил донесен во 7часот утрово.
За среќа не се регистрирани посериозни инциденти.
