Домашните туристи остваруваат поголем просечен број на ноќевања, сметаат од ФТУ Охрид.
Деканот на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, Цветко Андреевски во изјава за МИА, вели дека стратегиите кои се однесувале на привлекување странски туристи вродиле со плод и оти бројот на ноќевања е во континуиран пораст, но, потенцира, треба да се насочи фокусот и на домашните туристи, чија бројка на ноќевања последните години не се менува.
Тие остваруваат поголем просечен број на ноќевања од околу 4,5 ноќевања по лице, за разлика од странските кај кое се регистрирани во просек 2,2 ноќевања по лице.
