За Православна Нова година концерт на Љубојна

Забавата во Охрид продолжува. Православна Нова година охриѓани и туристите ќе ја дочекаат на градскиот плоштад со незаборавен концерт на Љубојна. 

-Од 21 часот на Градскиот плоштад, во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ – дојдете да уживаме во музиката на еден од најоригиналните домашни музички состави – Љубојна, повикуваат од општина Охрид. 

Македонска традиционална музика, ноти извадени длабоко од срцето кои раскажуваат за некогаш и денес, за неповторливо оригиналниот, вистински и отсекогаш модерен звук.

На едно место музика за душа во најубавиот град.

13-ти јануари, Градски плоштад Охрид, старт 21:00 часот – Љубојна во живо
„Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани