Лабуништани „тимски и сложно“ украле оружје и пари во Новак

Тим од четворица лаубуништани, „сложно“ се договориле да изукрадат се вредно од куќа во селото Новак и да си го поделат пленот. Украле пари, оружје и муниција ама планот за делба им го расипала полицијата кога ги фатила и им поднесла кривична пријава.

Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против А.Ш.(26), С.М. (32), М.Ш. (21) и Р.Ш. (49), сите од струшкото село Лабуништа.
-Пријавените, казненото дело го сториле на осми ноември 2016 година во куќа сопственост на И.Е од селото Новак, општина Центар Жупа, со насилно влегување преку прозорецот од првиот спрат. Притоа одзеле една ловна пушка „Берета“ и еден револвер „Застава“ кои оштетениот ги поседувал со соодветна дозвола. Дополнително, одземени се и два оквири за пиштол со по 15 куршуми калибар 9 милиметри, 30 куршуми за карабин, 15 куршуми за Магнум калибар 12 милиметри, 4 хилти и 1300 евра, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Со извршувањето на казненото дело, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 553.500,оо денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани