56 годишниот охриѓанец кој со нож нападна и тешко повреди свој роднина, е во 30 дневен притвор.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“, Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против А.Х.(56) од Охрид. Него, судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
-Пријавениот, казненото дело го сторил на 13-ти овој месец околу 17 часот на улицата „Даме Груев“ во Охрид. Тој, откако го забележал својот роднина У.Х.(61) како се движи по улицата „Даме Груев“, излегол од својата куќа и веднаш го нападнал со нож задавајќи му неколку удари во пределот на лицето, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Натамошниот тек на нападот бил спречен од случајни минувачи по што, повредениот У.Х. итно бил пренесен во Општата болница во Охрид каде биле констатирани тешки телесни повреди на лицето и десното око. Поради сериозноста на повредите, тешко повредениот со возило на итната медицинска помош е префлен на клиниките во Скопје, додава портпаролот Димоски.
