Болничар од Охрид остана без дом!

Седум дена под отворено небо, со солзи и  битка во  пеплосаните ѕидови  со изгорената  покуќнина  и спомени од  домот.

Болничар од Охрид остана без покрив над глава.  Наместо празнична радост во пожар му изгоре куќата што ја наследил од покојните  родители. Роберт Николоски од населбата Видобишта живее сам, во моментот кога избувнал пожарот  не бил дома, но кога се вратил  било предоцна.

Пламените јазици ја проголтале целата покуќнина.

-„Се обидов да дејствувам, да спречам нешто имаше една кофа ја зедов фрлив на огнот и огнот ми пладна в лице се задушив од чадот и  избегав“, вели Роберт Николоски.

Роберт  работи како болничар во охридската болница  и живее со минимални примања. Моли за помош од сите хумани граѓани, да го врати домот во првобитна состојба, бидејќи сега е оставен на милоста на пријателите.

-„Ништо немам се што имав е опожарено уништено,  ни документи, ни гардероба,   ни за спиење ништо. 0240 Одам кај пријатели другари преноќувам како ќе се снајдам така“, вели Николоски.

Секој ден иста мака, како ќе помине денот, што ќе се јаде и каде ќе се минат студените ноќи. Досега не добил помош од никого.  Сите хумани граѓани,  кои сакаат да му  помогнат  на Роберт може  да се јават на тел. бр. 075 937 086.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани