Од понеделникот, кога официјално започна пријавувањето на капачите кои ќе пливаат по Светиот крст во водите на Охридското езеро се пријавиле преку 300 лица.
Пријавувањето се врши во парохиските цркви Во Богородица каменско, Свети Горги и Свети Никола Геракомија.
Пријавените добиваат маици со обележја на пазникот Богојавление. Сите кои ќе пливаат в ладните езерски води потребно е да направат медицински преглед во четврток во шаторите на Црвен крст кај Капетанија на пристаништа.
