Филипче: Ќе продолжи изградбата на болницата „Свети Еразмо“

По неколку месечен застој ќе  продолжи реконструкцијата   на специјалната болница за ортопедија Свети Еразмо во Охрид, најави министерот за здравство при денешната посета.

Се уште не се знае дали во новиот објект ќе се пресели Институтот за кардиоваскуларни заболувања., како што беше предвидено во проектот

Министерот најави дека се разгледуваат опции за нови вработувања и решавање на проблемот со недостиг на кадар во болниците.

-„ Веќе се пуштени барања во министерство да се одобрат вработувања а ние зборувавме за тоа какви точно специјалности се потребни тука се со цел да се стави акцент на струките со кои ќе се псотигне стручност ис прменост да се одговори на потребите на пациентите“,вели  Венко Флипче министер за здравство.

Министерството работи и на намалување на смртноста на новороденчињата состојба која за жал ланската година беше алармантна во земјава. Веќе започнале структурни промени на гинеколошката клиника.

-„Веќе сме во прилично одмината фаза на правње стратегија со која ќе ја намалиме смртноста на новороденчињата вклуени се и странски организации од ОН кои ја нудат својата експертиза веќе е формирана рамката со која ќе се зголеми знаењето на лекарите“„ вели Филипче.

За надминување на проблемот со недостиг на стручен кадар минисетрството за здравство  веќе прави план за вработување и специјализации на младите лекари.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани