Комисијата за доделување на Наградата Григор Прличев со два гласадонесе одлука да биде наградена поемата Клучевите поднесена под шифра: Таурус.
На Комисијата од пристигнатите четиринаесет и’ беа доставени тринаесет ракописи кои ги исполнуваат формалните критериуми на распишаниот Конкурс. Во потесен избор беа разгледани три поеми: Клучевите (шифра: Таурус), Будењето на Крали Марко (шифра: Ѕевгар) и Ветровите од Запад (шифра: Носталгија).
Поемата Клучевитемеѓу трите вонредно успешни поеми беше избрана како најдобра со два гласа поради иновативниот тематски заграб, суптилноста во приодот кон темата на духовното будење и отворање кон светот, односно кон акцијата и ангажираноста во светот. Лириричноста на изразот ја надополнува неговата духовна зрелост и во процесот на одвивањето на поемата ја откриваме стаменоста на ова суптилно огласување и длабоката проживеаност на соопштеното духовно искуство.Клучевите, како што е и именувана поемата, функционираат на повеќе нивоа, отркивајќи семантички значења кои вешто комуницираат со читателот.Клучевите, како што е и именувана поемата, функционираат на повеќе нивоа, отркивајќи семантички значења кои вешто комуницираат со читателот. Низ приказот на мачниот и трновит пат на духовното будење прикажана е алхемијата на душата којашто конечно во себе ја открива и вербата и доблеста вистински да се биде во светот и да се делува во него. Формалните обележја на поемата, метриката, врзаната строфа коишто претставуваат дополнителен предизвик и ги искушуваат можностите на поетскиот израз, а можат да прозвучат и традиционално денес, овде се умешно исползувани и реализирани како современ и актуелен поетски израз кој говорејќи за поединецот воедно проговорува и за заедницата во којашто тој опстојува и за предизвиците што таа ги поставува пред него.
