Владата на Република Македонија на својата 49-та седница усвои информација за набавка на медицинска опрема за Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо-Охрид.
Во соопштението и информацијата од владата објавена на владиниот сајт, се вели: Владата денеска ја усвои информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со набавката на медицинска опрема, медицински и немедицински инвентар во јавните здравствени установи и ЈЗ Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо-Охрид со вредност во висина од 150, односно 120 милиони денари за оваа, и за 2019 и 2020 година со утврдена динамика на плаќање за секоја година.
