Четкар ќе одржи концерти во Њујорк, Детроит и Кливленд

Џез, соул и фанк-музичарот, композитор и гитарист со светска кариера, охриѓанецот Владимир Василевски-Четкар, е пред неколку концерти во Њујорк, Детроит и во Кливленд.

Владимир Четкар, е во САД каде што го очекуваат неколку концерти во Њујорк, Детроит и во Кливленд.На 31 јануари, Познатиот музичар ќе настапи на „Тајм сквер“ со концерт во прочуениот њујоршки клуб „Би Би кинг блуз клуб“, каде што редовно настапуваат некои од најзвучните имиња во светот на фанк, блуз и соул-музиката.На 2 февруари Четкар ќе настапи во Кливленд, Охајо, во клубот „Најттаун“, кој според магазинот „Даун бит“ е еден од водечките џез-клубови во светот, а наредниот ден ќе одржи концерт во Детроит во џез-клубот „Џез-кафе Детроит“, кој се наоѓа во историскиот „Мјузик хол“.На сите концерти Четкар ќе свири своја авторска музика и ќе предводи интернационален септет во кој ќе членуваат американски, јапонски, мексикански и холандски музичари.Владимир Василевски-Четкар во САД е од крајот на 1990-тите. Во 2001 дипломирал на Универзитетот Беркли и оттогаш самостојно и одлично ја гради својата кариера. Освен во Њујорк, каде што седма година настапува на престижниот ’Блу ноут џез-фестивал‘, музиката ја презентира во повеќе земји и на специјализирани национални радија.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани