24 милиони евра за развој на туризмот

Со 24 милиони евра, од европските фондови ќе се унапредуваат  капацитетите за развој на туризмот.

 

Толкав е вкупниот буџет на Проектот за локална и регионална конкурентност.

 

– „Првиот повик за доделување подгрантови којшто директно ќе го подобрат локалниот економски развој во дестинациите е завршен,очекуваме финално селектирање, па наскоро ќе се знаат и проектите кои ќе бидат финансирани. Паралелно со подгрантовата шема, проектот за локална и регионална конкурентност има за цел да го унапреди и зајакне процесот на управување со дестинации преку спроведување на јавен и приватен дијалог. На првиот повик излегоа 147 подпроекти од сите градови од земјава. Тимот кој работи на проектот ги има разработено и олеснето начините и апликацикациските формулари, а воедно се организиарраат и работилници за објаснување на начинот на аплицирање“, изјави Маја Блажев, специјалист за развој на туризам во проектот за локална и регионална конкурентност.

Во февруари ќе  биде објавен и втор повик, на кој ќе може да аплицираат сите чинители кои директно ќе влијаат на подобрување и унапредување на капацитетите. Парите ќе може да се користат за  инвестирање во областа на инфраструктурата, подобрување на пристап до атракции, на генералната инфраструктура за подобрување на општиот впечаток на туристот, вложување во нови и подобрени производи и услуги, воведување на иновативни производи, проширување на моменталната услуга, вложување во обуки за унапредување на работењето на приватниот сектор.

За европските пари може да аплицираат и јавниот и приватниот сектор, но и здружебија и невладини организации. Трошењето  ќе биде под лупа на проектантите. 

Во првиот повик аплицирале вкупно 140 проекти.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани