Автопатот „Александар Македонски“ ќе биде автопат „Пријателство“

Преименувањето на автопатот „Александар Македонски“ во автопат „Пријателство“ е знак на добра волја и затоплување на односите меѓу Македонија и Грција.

Преименувањето на автопатот „Александар Македонски“ во автопат „Пријателство“ е првиот чекор кој ќе го преземе македонската влада со цел да покаже добра волја кон соседна Грција во рамките на преговорите да се најде решение во деценискиот спор за името. Премиерот Зоран Заев по средбата со грчкиот колега Алексис Ципрас во Давос, најави дека ќе се смени и името на аеродромот во Скопје, кој исто така досега го носеше името на античкиот војсководец.За возврат, владата на Грција, веднаш ќе го поддржи членствот на Македонија во Јадранско-Јонската Иницијатива а грчкиот Парламент ќе даде зелено светло за преминивање кон втората фаза од Спогодбата за асоцијација и стабилизација која е блокирана уште од 2009-та година, олеснување на пристапот до фондовите на ЕУ и зголемување на билатералната соработка. Дополнително, ќе се развива билатералната соработка во областа на енергетиката и економијата и отворање на граничниот премин во Преспа. Премиерите Заев и Ципрас, сметаат дека е време да се отвори нова страница во односите меѓу Грција и Македонија и во фокусот да биде агендата на пријателство и соработка, ставајќи им крај на тензиите и национализмите кои го оптоваруваа регионот во минатото.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани