Земјотрес со јачина од 2,4 степени го „здрма“ Охрид

Денес околу 11 часот земјотрес повторно го „стресе“ Охрид. Земјотресот за Охриднет  го потврдија од Сеизмолошката псерваторија на РМ.

 

Земјотресот после скоро еден час  е регистриран на познатата апликација „Lastquake“. Според нив бил со јачина од 2,4 степени а епицентар на 7км од Косел. 

Инаку на 07 Јануари земјотрес со јачина од 2,3 степени и епицентар во лексоец го стресе Охрид.

 Од сеизмолошката опсерваторија го потврдија земјотресот:

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала, односно III степени според Европската макросеизмичка скала, беше почувствуван во Охрид и околината. Сеизмографите на телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, го регистрира земјотресот во 11: 12 часот, со епицентар на 6 километри источно од Охрид во околината на селото Рамне.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани