Охрид ќе се гасифицира. Општинската администрација забрзано започна со подготовка на повеќе капитални проекти кои ќе значат развој за градот.
Еден од клучните, што е од најголемо значење за охриѓани е токму гасификацијата.
„Се додека немаме реално издржани преокти ние не ке можеме да имаме еден развоен буџет.Јас ве уверувам дека во 2018 година ќе имаме далеку посериозно буџетско планирање ве уверувам дека Охрид конечно ќе биде гасифициран, ќе има решение за Студенчишкото блато, ќе имаме сериозни издржани еколошки проекти“, вели Јован Стојаноски градоначалник на општина Охрид.
Стојаноски кажа дека новата локална власт ја затекнала општина Охрид без ниеден развоен проект, па токму поради тоа буџетот на општината бил на исто ниво како и изминатите години.
Општинската администрација ќе креира основни проекти за офанзивно прибирање на средства и од Меѓународните организации, најави градоначалникот.
