И покрај забраната повторно се гради Алипашината џамија

Повторно се гради  Али пашината џамија во Охрид.

Еден месец откако Министерот за култура Роберт Алаѓозовски изјави дека проектот за конзервација и реконструкција на џамијата е стопиран и дека ќе се преиспитува од страна на стручни лица од ресорното министерство.

После тоа следуваше период на затишје но граѓаните деновиве повторно реагираат дека на локацијата која е заградена со високи лимови и на кои има ознаки забрането фотографирање и снимање повторно се работи, објави ТВМ телевизија.  Со тоа се актуелизира темата која ја брануваше охридската јавност од моментот кога медиумите објавија дека во охридската чаршија е предвидена изградба на 32метарско минаре а истото беше потврдено од охридскиот Завод за заштита на спомениците и Музеј. Силните ракции на јавноста но и низата законски пропусти кои биле утврдени од надлежен инспекторат доведе до тоа Министертвото за култура сериозно да се насочи кон решавање на проблемот со реконструкцијата на Али Пашината Џамија. На новинарско прашање кое му беше упатено на министерот при неговата посета на Охрид пред еден месец, дали во проектот и понатаму ќе остане зацртано 32 метарското минаре, тој кажа дека не може да даде конкретен одговор.

„Ние повеќе би сакале да ја гледаме културата и културното наследство како заедничко богатство кое што не зближува. Во таа насока би било и нашето идно постапување, да ги смириме тензиите, да се држиме до законските и законската процедура и судбината на Али Пашината џамија да ја вратиме на некој начин во рамките на она што го нудат законските процедури“ – изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски на 16.12.2017.

Предходно и Донка Барџиева Трајковска, специјален советник на министерот за култура, изјави дека министерството ги следи случувањата со реконструкцијата на џамијата и додаде дека секогаш е можно да се направи компромис во однос на она што е вредност а тоа е Охрид како град заштитен од УНЕСКО. Но и покрај инсистирањето на новинарите, таа не сакаше да објасни што точно се подразбира под компромисно решение.

„ Не нема да говорам за тоа.Ќе се реши на поинаков начин има експерти ангажирани кои ќе го решат на најадекватен начин. Ако ни е интересот да го сочуваме Охрид тогаш и мерките кои ќе се преземат ќе се во таа насока“, рече Барџиева Трајковска на 23.11.2017.

ТВМ Телевизија упати прашања до Министерството за култура: Кои активности беа преземени во министерството откако министерот Алаѓозовски најави стопирање и ревидирање на Проектот за конзервација и реконструкција на Али пашината џамија во Охрид ; Дали министерството има информации за изведување градежни активности на терен после стопирањето на проектот? За какви зафати станува збор?; Дали е завршена ревизијата на проектот? Петрит Сарачини, советник на министерот Алаѓозовски, ни вети дека одговори на прашањата ќе добиеме кога министерот кој во моментов се наоѓа на конференција во Давос, ќе се врати од службеното патување.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани