Угостителите против поскапување на урбаната опрема

Најавата за утврдување на нови цена на урбаната опрема, која во понедленик ќе се најде пред  градските советници ги налути угостителите.

 

-„Охридските угостители се незадоволни од Предлог одлуката на Советот на Општина Охрид во врска со новите тарифи за поставување урбана опрема и начинот на нивно спроведување. Навестено е и поскапување на закупот на простор за преку 60 проценти. Со цел таквата предлог одлука да биде стопирана пред закажаната седница на Советот, Здружението Охридски Еснаф со писмено барање доставено до Советот бара работна средба со надлежните, на која би се продискутирале, разјасниле и образложиле точките наведени во истата“, стои во реакцијата на  Михаил Мишев  претседател на Здружение на угостители ОХРИДСКИ ЕСНАФ. 

Угостителите бараат средба со градоначалникот и надлежните во урбанизам за разсјаснување на нивните несогласувања. 

Повеќето рестораните и кафулуната во туристички Охрид  во текот на зимскиот период зјаат празни. Нивното опстојување е под знак прашалник а со  зголемување на цените дополнотелно ќе се влоши нивната состојба. 

Општината треба да изнајде начин да им помогне. За да не ставаат клуч на врата во зимските месеци да им  го намали надоместокот. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани