Светот го одбележува Денот на сеќавање на Холокаустот

Светот денеска го одбележува Денот на сеќавање на Холокаустот, а преживеаните и нивните семејства ќе се соберат во Аушвиц на комеморација на жртвите на овој логор на смртта.

 

Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот утврден е на 1. ноември 2005 година со резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации.

Определувајќи се за 27. јануари, денот кога во 1945 година е ослободен Аушвиц – Биркенау, најозлогласениот логор на смртта во поробена Европа, Генералното собрание на ОН се раководеше од потребата за реафирмација на човековите права, превенција и казнување на злосторсторството геноцид, како и постојано присутната опасност од расна, национална и верска омраза засновани врз предрасуди.
Холокаустот останува мерило за најголемото зло во историјата, без сеќавање еден народ нема иднина- рече претставникот на Еврејската заедница во Македонија, Берта Романо Николиќ на комеморативната церемонија по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот.

Втората светска војна, однесе меѓудругото, над шест милиони недолжни жртви, припадници на еврејскиот народ.

Аушвиц, Треблинка, Матхаузен, Дахау, Јасеновац се само некои од масовните логори каде настрадаа невини жртви.

Република Македонија водејќи се од трајната заложба ваквите настани од историјата да не се повторат, презема низа активности на домашен и меѓународен план преку изработка и реализација на образовни програми.

Во знак на сеќавање на депортираните македонски Евреи, пред седум години во Скопје беше отворен Меморијалниот центар на жртвите на холокаустот. Во МНР е отворена изложбата „Изгубениот свет на Сефардските Евреи од Западен Балкан“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани