Охридската полиција поднесе две кривични пријави, едната за напад со нож а втората за пронајдена дрога-марихуана.
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Т.Г.(41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда”. На 25.11.2017 година во ресторан во Охрид пријавениот го прободел со нож Д.А.во пределот на грбот и градниот кош. Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Д.В.(30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични, психотропни супстанци и прекурсори“. На 10.05.2017 година во Охрид на улица „Никола Карев“, при преглед, од полициски службеници, кај пријавениот биле пронајдени 53,57 грама марихуана и дигитална вага.
