Назначувањето на нови членови во надзорните и управните одбори во јавните претпријатија и охридските училишта ги раскара градските советници.
Од Вмро Дпмне обвинија за незаконско разрешување на членови пред да им истече мандатот. Според нив власта назначува партиски подобни личности кои ќе ги кројат новите директорски места, за што најавија преставка.

-„Денеска ќе ја напишиме преставката и ќе ја доставиме.Затоа што ниту еден член на управните одбори не ги исполнува законските услови. Целта е назначување на училишни одбори по мерка на локалната власт “, рече Кирил Пецаков координатор на советничката група на Вмро Дпмне.
Градоначалникот Јован Стојаноски ги отфрли ваквите обвинувања како неточни и тендециозни.

– „Не е незаконски, законски е се направено. Мандатот е поминат. Ние имаме и во рамките на овие училишни одбори лица кои што и не се партиски членови што значи дека не се сите партиски челнови“, тврди Јован Стојаноски градоначалник на Охрид.
Изминатиот месец педесетина професори и наставници од охридските училишта беа избркани од работа, а на нивно место се вработени нови.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ
