Летово нова чартер линија Талин-Охрид

Ова лето,се воспоставува новата авио чартер линија Талин-Охрид-Талин.

Од први јуни, отпочнува авионското чартер поврзување на Охрид со престолнината на Естонија-Талин. Со авионските чартер линии ќе оперира естонскиот авиопревозник „Нордика“ и во соработка со естонскиот туристички гигант „Ауринко“. Ова е епилогот по туристичката презентација на македонскиот туризам со посебен акцент на охридско-струшкото крајбрежје што деновиве во Талин ја направи тимот на реномираната македонска туристичка агенција „Фибула Травел“.Пригодната туристичка презентација беше помогната од Swisscontact-проектот за развој на туризмот во Република Македонија и швајцарската амбасада.

– На презентацијата во Талин, пред нашите деловни партнери од Естонија, направивме значајно претставување на Македонија како атрактивна и популарна туристичка дестинација. Ги презентиравме туристичките потенцијали на земјата а посебен акцент ставивме на презентирање на охридско-струшкото крајбрежје, на Охрид и Струга како крајезерски туристички бисер центри,на културно-историското наследство, на природните убавини, на хотелско-туристичките сместувачки капацитети, на ресторантско угостителските можности и понуди и на целиот овој регион и разбирливо на нашиот комплетен сет туристички понуди“, вели за Охриднет Асим Меџедовиќ, менаџер на „Фибула Травел“.

Искусниот и познат туристички работник Меџедовиќ, вели дека пакетот аранжмани за хотелското сместување на охридско-струшката ривиера се веќе подготвени во соработка со естонскиот туристички оператор „Ауринко“ и дека работи за едно и дво неделни туристички аранжмани. Додава дека туристичката агенција „Фибула Травел“ ќе се грижи за престојот на естонските туристи во Македонија за што агенцијата е комплетно професионално подготвена.На вечерта на презентацијата на македонскиот туризам во Талин, покрај бројни претставници на туристичко-хотелски асоцијации и туристички работници, беше присутен и македонскиот амбасадот Слободан Саздов.


Инаку, сезонски летови од естонскиот главен град до македонскиот туристички бисер- Охрид ќе траат до 14 септември а директната авиолинија Талин-Охрид е во времетраење од околу три часа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани