Вевчанци денеска протестираа пред амбасадата ЕУ во Скопје.
-„Дојде часот да помогнеме и да ја вратиме демократијата во Македонија!
Тргнуваме во битка за слобода на нашиот брат Крсто Мукоски, како и за слободата на сите неправедно притворени Македонски патриоти!
Тргнуваме во битка, заедно со сите граѓани од сите вери и нации, за да го одбраниме достоинството на нашата татковина – Република Македонија!
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БИЛ И ЌЕ БИДЕ!
МАКЕДОНИЈА БИЛА И ЌЕ БИДЕ!
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ПОСТОИ И ЌЕ ПОСТОИ ЗАСЕКОГАШ!
Оваа битка за слобода на Крсто и на сите неправедно притворени патриоти е битка за нашата татковина – Македонија!
Друг избор немаме ниту го бараме!
Не го посакувавме овој предизвик, меѓутоа со задоволство го прифаќаме затоа што нѐ допревте таму каде што најмногу нѐ боли!
ОВА Е НАШАТА ПРВА ЈАВНА ОПОМЕНА!
ПОВИКУВАМЕ НА РАЗУМ И НА СВЕСНОСТ КАЈ ИНСТИТУЦИИТЕ!
БАРАМЕ СЛОБОДА ЗА ПАТРИОТИТЕ ЗАТОА ШТО ТАА ИМ Е НЕПРАВЕДНО ЗЕМЕНА!
БАРАМЕ ДЕМОКРАТИЈА БИДЕЈЌИ НА 27 АПРИЛ ВО СОБРАНИЕТО ТАА БЕШЕ УРНИСАНА!
БАРАМЕ ЧОВЕЧКИ ПРАВДИНИ БИДЕЈЌИ ТИЕ БЕА ЗАКОПАНИ ОД СТРАНА НА НЕКОИ АНТИНАРОДНИ ИНСТИТУЦИИ!
СЕ ГЛЕДАМЕ ПОВТОРНО МНОГУ СКОРО!“, велат од „Вевчански кризен штаб.