Османи на средба со градоначалниците од Југозападниот регион

Денес , со почеток во 11 часот, во салата на Советот на Општина Струга, ќе се одржи средба на Заменик претседателот на Владата на РМ за Европски прашања, г-дин Бујар Османи со градоначалниците од ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион.

Османи, се очекува, да зборува за Европските фондови и можности за финансирање на проекти, наменети за единиците на локалната самоуправа, по што од страна на стручните служби на СЕП ќе биде направена презентација со цел да се поттикне искористеноста на ЕУ фондовите.

По завршувањето на средбата, Советот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, ќе продолжи со работа, односно ќе се одржи третата седница на ова тело на кое ќе бидат разгледани Извештајот со степенот на реализација на Програмата за развој на Регионот во 2017 година, а се очекува да биде разгледан и усвоен Акцискиот план за работа на Центарот за развој во тековнава година. На седницата ќе бидат разгледани и други актуелни прашања од регионалниот развој.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани